Стипендии за магистерски и докторски студии во Франција

Министерството за образование и наука на Република Македонија распиша конкурс за доделување стипендии за едногодишни магистерски и докторски студии во Франција, наменети за кандидати кои веќе конкурирале на некој од државните универзитети во Франција или оствариле контакт со соодветниот Универзитет.

Како што информираат од МОН, кандидатите треба да достават пополнето барање за стипендија, потврда дека кандидатот конкурирал на магистерски или докторски студии, копија од диплома и уверение за положени испити со заверен судски превод на француски јазик, две препораки од професори, мотивациско писмо во кое кандидатот ќе ги изнесе своите видувања за начинот и конкретната примена на стекнатите знаења по враќањето во земјата,  потврда  за познавање на францускиот јазик и една фотографија.

Целосната документација во три примероци, од кои два на француски и еден на македонски јазик, треба да биде доставена најдоцна до 30.4.2014 година, во Одделот на КампусФранс во Францускиот институт (Градски ѕид, блок 5, П.Фах 388, 1000 Скопје).

За повеќе информации, заинтересираните кандидати може да се обратат во Одделот на КампусФранс во Францускиот институт, на телефон: 02/3129 288, или електронски на:[email protected] . 

23.04.2014 - 11:12
Фото: 
Радиомоф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега