Големо невреме во Македонија

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне до крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилување на ветерот, а не е исклучена ниту пак појава на град. Во западните делови се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 20 до 24 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне со услови за пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на некои места со пороен дожд, грмежи и со појава на град. Се очекува во наредните денови да наврне поголема количина воден талог. 

23.04.2014 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега