ФОТО: Заев и СДСМ фатени живи во ФАЛСИФИКАТ!

 

СДСМ се служи со фалсификати и лаги за да се спаси од огромниот изборен пораз. Таканаречениот документ кој денес Зоран Заев го покажа е класичен, груб, но и смешен фалсификат,  обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа лесно се докажува бидејќи партискиот печат кој е искористен на документот е прогласен за неважечки уште во 2004 година. Печатот е пријавен и прогласен за неважечки. До Основниот суд во Скопје на 15.10.2004 година од наша страна е доставен Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и опис како ќе изгледа новиот печат. Судското решение е издадено на 02.11.2004 година. Ова е непобитен доказ дека она што Заев го приложува денес не е печатот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е стар печат кој го користело поранешното, старо раководство на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката партија.

22.04.2014 - 18:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега