Филе во јуни доаѓа во Македонија

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, во јуни ќе дојде во Македонија во рамки на четвртата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво.

Како што јави дописникот на МИА, Филе на 5 и 6 мај ќе биде во посета на Србија и Косово, но сепак, иако ќе се најде во регионот. Од неговата канцеларија за МИА потврдија дека тогаш нема да дојде во Скопје, со цел да го почека создавањето на новата Влада по предвремените парламентарни избори што ќе се одржат в недела на 27-ми април.

- Комесарот Филе потврди на последниот состанок со македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими и со министерот за надворешни работи Никола Попоски, дека ќе дојде во Македонија во рамки на четвртата рунда на ХЛАД-от, но откако ќе се состави Владата по предвремените избори, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување.

Неформалната Влада на ЕУ, пет години по ред издава позитивни препоркаи дека Македонија ги исполнува сите услови за да ги започне пристапните преговори со Брисел, но поради грчкото вето на Самитите на Европскиот совет, највисокото тело на Унијата не може да постигне консензус и да даде “зелено светло” за предлогот на Еврокомисијата. Поради ваквиот став на Советот кон предлогот на Комисијата за Република Македонија, еврокомесарот Филе последниов период постојано повторува дека “е загрозен целиот процес на проширување на ЕУ, поради кој лани Брисел се закити и со Нобеловата награда за мир, ако после толку позитивни препораки, Македонија не почнува со преговори за членство”. Овој став на Филе се најде и во последниот прогрес-извештај на ЕК за Македонија.

22.04.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега