Македонката на која и го запалија лицето: Насилството е ужасна епидемија!

Дана Вулин, Македонката чие лице беше запалено во Перт, се вклучи во кампањата против насилство и ги повика политичарите и судиите од Австралија да се придружат на борбата против насилството врз жените.

Доколку не се сеќавате, Македонката чија приказна го потресе светот, се здоби со изгореници на лицето откако гневната Македонка Натали Димитровска и фрли ламба во лицето мислејќи дека нејзиниот сопруг ја изневерува со неа, за што си заработи 13 години затвор. За жал. Вулин имаше ужасни изгореници и повеќе од 60 проценти од лицето и изгоре во немилиот настан. Оваа приказна особено ги потресе Македонците од дијаспората кои донираа средства за закрепнување на Вулин.

Како што пренесоа австралиските медиуми, сестрата на Вулин, Светлана, пратила меил до сите лекари и открила дека има нова технологија во САД, со која што со помош на ласер им се помага на лицата со изгореници. Токму поради тоа Светлана е прогласена и за најинспиративната жена.

Дана направи и порака засите да се кренат против насилството: - Јас сум Дана, жртва на екстремно насилство. Таа открива и дека ја следеле цел месец пред  да и го изгорат лицето, па затоа сега јавно се обраќа за да им помогне и на другите луѓе.

Таа завршува со зборовите дека насилството е ужасна епидемија.

22.04.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега