На Марс ќе може да се одгледува зеленчук и овошје
Истражувачот од Холандија Вајгер Вамелинк тврди дека за десет години на Марс ќе може да се одгледува зеленчук и овошје.
Тој вршел експеримент кој траел 50 дена на таканаречена копија на Марс, која се наоѓа во близина на хавајските вулкани, создавајќи климатски и други услови слични на оние кои владеат на Марс.
Вамелник открил дека 14 видови растенија кои што ги засадил се „прифатиле“ и започнале активно да раснат, а некои дури и расцутеле.
Завршната фаза на овој експеримент ќе се спроведе на Марс, каде што треба да замине експедиција.
Мисијата на Марс ја најавија НАСА и некои приватни компании, кои веќе направија избор на патниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа