„Од децата за децата“ - хуманитарна акција за децата од Клиниката за детски болести

По повод Денот на планетата Земја денеска Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа организира хуманитарна акција под мотото „Од децата за децата“.

На хуманитарната акција ќе се продаваат над 300 рачни изработки и литературни и ликовни творби на учениците од основните училишта кои учествуваа на конкурсот на тема „Роза“.

Собраните средства ќе бидат наменети за хортикултурно уредување на дворот на Клиниката за детски болести во Скопје.

22.04.2014 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега