Направете си домашна маска и засекогаш решете се од првутот

 

Еве како дома да си направите маска против првут и засекогаш да се решите од овој проблем.

Лимон – Потребно е да се измеша лимон со топло кокосово масло и да се нанесе на косата. Треба да се масира од 10 до 15 минути и да се остави да делува 30 минути.

Јогурт – Се препорачува да се измеша јогурт со сок од лимон. Да се нанесе на косата и да се остави 45 минути. Потоа треба да се измие косата со ладна вода и со благ шампон.

Листови и цветови од хибискус – Цвеќињата и листовите од хибискус се добри за косата. Може да се користи како маска против првут или за зголемување на растот на косата. Потребно е да се сварат цвеќиња или листови од хибискус во вода и да се остават да се оладат. Треба да се извадат листовите и од нив да се направи тесто. Потоа да се додаде млако кокосово масло и да се масира косата со него 45 минути пред миење на косата. 

Извор: Попара

20.04.2014 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега