Бизнисмени го платиле убиството на кумот на Аркан

Последните податоци од истрагата за убиството на Раде Ракоњац, близок пријател на водачот на српското подземје Лука Бојовиќ и телехранител и кум на убиениот Аркан, донесе интересни сознанија.

 

-Собрани се докази кои укажуваат дека убиството на Ракоњац го платиле двајца бизнисмени од Србија и еден од Црна Гора. Сите тројца порано биле на мета на Лука Бојовиќ и неговиот клан и блиски со екипата на Слободан Шарановиќ, кој со водачот на новиот земунски клан води лична војна од 2009 година, вели за српски “Блиц“ извор од српското МВР.

Се уште се трага по двајцата осомичени бизнисмени од Србија кои моментално се надвор од земјата додека третиот е и натаму во Црна Гора. Сите се поврзани со старата служба за државна безбедност, за неколку убиства кои го потресоа регионот и шверцерските работи кои им донесоа милионска заработка, со тоа што само богатството на осомничениот бизнисмен од Црна Гора се проценува на 20 милиони евра.

 

Полицијата верува дека тројцата го платиле убиството на Ракоњац за да ја избегнат сопствената смрт, нарачана од кланот Бојовиќ.

-Бојовиќ и порано се обидуваше да ги убие тројцата. Околу Нова година до нив дојде информација дека кланот на Бојовиќ планира нови убиства. Во тоа време полицијата дозна за плановите на соперничката екипа која составила список на луѓе блиски до Бојовиќ кои треба да бидат ликвидирани. Било прашање  на време која екипа ќе биде побрза – вели изворот за Блиц.

 

Судирот почна на 28 март кога на Звездара е ранет Горан Бојаниќ, најблискиот соработник на Милош Делибашиќ, внук на Слободан Шарановиќ. Пет дена подоцна во кафулето “Марики“ е убиен Ракоњац.

20.04.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега