Иванов го честита големиот христијански празник Велигден
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Синодот на МПЦ-ОА и до сите христијански верници во државата.
- Славејќи го денот кога Исус Христос воскреснал, го славиме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме вербата во вредноста на покајанието и на прочистувањето. За христијаните, Велигден е празник на љубовта и мирот и симбол на триумфот на животот над смртта. Христијанството нè поучува на почитување на духовните вредности, но и на човекољубие и милосрдие, посочувајќи дека сите сме исти пред Бога и дека љубовта, почитувањето на различните, семејните вредности и човечката добрина секогаш се возвраќаат. Водени од оваа верба треба да ги продолжиме воспоставените вредности во Република Македонија на почитување на верските различности и на религиозните посебности, афирмирајќи ги човечноста и христијанските начела за мир и за заедништво, стои во честитката од претседателот Иванов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа