Случајот „Монструм“ пред судска завршница

 

Случајот „Монструм“ влегува во завршница. Се очекува во наредните два месеци да падне и пресуда, пишува Сител.

Седум лица - македонски Албанци одговараат за масакрот кај Смилковското Езеро кој се случи на Велики Четврток во 2012 година, кога животите ги загубија Цветанчо Ацевски, Филип Славковски, Александар Наќески, Кире Тричковски и Борче Стефковски. Според сомневањата, егзекуцијата била извршена за да се влее страв меѓу македонското население и да се загрози. безбедноста на земјата.

-Досега беа одржани 35 рочишта на кои беа сослушани 11 оштетените, како и 5 сведоци предложени од јавниот обвинтел, 1 сведок по предлог на судот и над 20 сведоци предложени од одбраната. Во судот исказ дадоа и 6 вештациод Бирото за судски вештачења.Воедно беа презентирани голем број материјални докази како и транскриптите од телефонските разговори што како докази беа прибавени со посебни истражни мерки, вели Паула Божиновски- советник за односи со јавност во Основен Суд Скопје 1 за Сител.

Адвокатите на обвинетите, се уште сгтојат на ставот дека нема веродостојни докази за случајот „Монструм“, а не го признаваат ниту сведочењето на загрозениот сведок.

Неизвесна е и екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, кои во случајот „Монструм“ се обвинети за директно извршување на убиството. Нивниот спровод во земјава , би можел да го врати судскиот процес од почеток.

Седуммината обвинети одговараат за тероризам. Дел од нив беа уапсени 20 дена по грозоморното убиство и оттогаш се во притвор.

На рочиштата закажани во април, адвокатите очекуваат да добијат одговор од Интерпол и Царина за сопственоста на црвениот авотмобил „Опел Омега“,  кој беше пронајден во близина на местото на злосторството и во која обвинителството тврди дека била пронајдена ДНК од Алил Демири.

18.04.2014 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега