Прилепчани од денеска ќе се возат во автобуси

Почна да функционира првиот организиран градски сообраќај во Прилеп. Утрово во 6:30 часот автобусите почнаа да ги возат прилепчани до одредена дестинација.

- Градскиот сообраќај профункционира непречено. На три линии во градот кои ги опфаќаат главните дестинации, возат 6 автобуси. За почеток, додека да се навикнат граѓаните, тие се на еден час, а вообичаено автобусите од вторник ќе возат на секој половина час, вели Бранко Нешкоски, раководител на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање во локалната самоуправа, во чиј состав ќе биде одделението за градски превоз.

Превозот ќе биде бесплатен за велигденските празници, овие три дена и наредниот викенд за изборите. Инаку, билетот чини 20 денари, а има поволности со дневни, викенд, месечни и годишни билети.

- Дневниот билет е 50, викенд билетот е 120, неделниот 250, месечниот 600, а годишниот билет е 6.000 денари. Поволности има за учениците и студентите за кои месечниот билет е 350 денари, а бесплатно е за лицата со посебни потреби, вели Нешкоски.

Предвидено е во иднина да се вклучат уште две линии со 5 автобуси, и да се опфатат и населените места. Локалните власти преку флаери ги запознаваат жителите како ќе се одвива превозот и за постојките во градот. 

18.04.2014 - 14:35
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега