Туристи ќе го преплават Дојран за празниците

Туристи од земјава и од Грција ќе го преплават Дојран за големиот христијански празник Велигден, но и за првомајските празници. Како што инфомираат од туристичкото биро „Дојран“, веќе се резервирани поголемиот дел од туристичките објекти.

Како што информира директорот на туристичкото биро „Дојран“ Перо Митаноски, денеска ќе се случи главниот туристички бран и очекува за време на двата празника во Дојран да престојуваат по 15.000 туристи кои ќе се сместат во приватните и комерцијалните капацитети.

Угостителските објекти, кафе баровите и хотелите покрај дојранскиот брег, се подготвени за гостите кои ќе ги пречекуваат со непроменети цени.

18.04.2014 - 11:29
Фото: 
Региони

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега