Ново олеснување за пациентите - еве за што се работи

Фондот за здравствено осигурување го олесни начинот на упатување на осигурениците кај специјалист - субспецијалист. Со новото олеснување, кога пациентот ќе биде примен како итен случај, повеќе нема да има потреба да се грижи за административните работи, бидејќи здравствениот систем во негово име ќе ги заврши сите неопходни административни процедури. Повеќе нема да треба да се оди кај матичниот лекар за упат, бидејќи специјалистот ќе креира специјалистички/субспецијалистички упат, кој ќе го потврди со свој потпис и факсимил.

Доколку специјалистот изврши само амбулантски преглед и нема потреба од болничко лекување, тогаш здравствената установа ќе ги фактурира здравствените услуги до Фондот, со  упатот издаден од специјалистот/субспецијалистот.

Во случај кога при прегледот ќе се утврдат индикации за болничко лекување, тогаш болничкиот упат ќе го креира специјалистот, а доколку смета дека  пациентот треба да биде испратен на понатамошни испитувања тогаш ќе даде интерспецијалистички упат, упат за радиодијагостика или упат за биохемиски лабораториски испитувања.

- Досега овие контролни прегледи непотребно се закажуваа преку „Мој термин“ како нов преглед, со што се пролонгираше времето за чекање за контролен преглед. Важноста на специјалистичкиот/субспецијалистичкиот упат сега е една година, наместо како досега еден месец. Ова е големо олеснување за осигурениците со хронични заболувања кои се лекуваат амбулантски и нема веќе потреба секој месец да обезбедат упат од матичниот лекар. Такви заболувања се хемодијализа, вежби на вид, слух, говор и глас, хемотерапија и радиотерапија во дневна болница. Пружените здравствени услуги се фактурираат секој месец до Фондот со копија од првично издадениот упат, појаснува ФЗОМ во денешното соопштение.

По завршување на лекувањето, во рок од пет дена, пациентот треба да ја однесе цеокупната документација за лекувањето кај својот матичен лекар.

17.04.2014 - 13:19
Фото: 
први.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега