ВИДЕО: Матурата во Велес заврши со запросување - матурантка го кажа судбоносното ДА

 

Матурската прослава во Велес заврши сосема неочекувано кога матурант ја побара својата партнерка, а воедно и девојка за жена, пренесе Дума.мк

-Во еден момент кога светлата се изгаснаа, а музиката сопре влезе момче во салата и ја побара својата девојка, матурантка за сопруга. Пред момчето на колена со прстен во рака и пред многубројната публика судбоносното ДА го кажа маурантката. После синоќешното запросување и завршувањето на матурската вечер, двајцата млади ќе се подготвуваат за свадба. Дума.мк го објавува видеото кое денеска беше објавено на социјалната мрежа ФБ од чинот на запросување, објави локалниот портал Дума.

ВИДЕО: Дума.мк

најчитано сега