Поради медицинска грешка останал без дел од желудникот и бешиката

55- годишниот Омер Сушиќ останал без еден дел од желудникот, дебелото црево и бешиката поради медицинска грешка.

„За само две недели татко ми имаше четири операции. Дури 67 дена одеше со метален медицински инструмент во стомакот, кој што лекарите заборавиле да го извадат“ вели Ирена Чичак ќерката на Омер.

Омер поставувал рекламни плакати, кога налетал камион на кранот на кој се наоѓал, при што паднал од висина од неколку метри. Веднаш се онесвестил и во критична состојба бил однесен во болница.

Тој имал тежок потрес на мозокот, внатрешно крварење во главата и фрактура на карличната коска. Го оперирале за неколку часа, а по интервенцијата лекарот рекол дека состојбата на пациентот е стабилна.

Кога сите се надевале дека се ќе помине добро, за Омер започнале вистинки маки, одел на прегледи поради болки во стомакот, а лекарите му велеле дека не му е ништо.

-Добиваше лекови за смирување и спиење, а по 20 дена беше пуштен од болницата на домашна нега. Секој ден се жалеше дека има болки во главата, раката и стомакот, а од ден на ден болките беа се посилни. На првата контрола, која беше еден месец по интервенцијата, трауматологот рече дека болките се нормална појава и дека е потребно време да престанат вели Ирена, и додава дека поради неподносливите болки го однеле на уролошки преглед во приватна ординација, каде што лекарите откриле дека има задебелување на простата и хематом од седум метри во близина на бешиката.

Повторно го примиле во болницата во Сисак и лекарите по одредени испитувања и операција, откриле дека има метален медицински инструмент во неговиот стомак.

-Ми рекоа дека сега се ќе биде во ред, бидејќи од стомакот му извадиле инструмент кој бил долг од 20 до 26 сантиметри, кој предизвикал тешки телесни повреди опасни по живот. Бев шокирана- вели Ирена, пренесуваат „24часа“.

Седум дена потоа биле извршени уште три операции, поради лекарската грешка.

15.04.2014 - 19:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега