Центар за социјални услуги никна во Дебар

 

 

Во Дебар профункциора Центар за социјални услуги каде граѓаните ќе можат да добијат брзи информации за нивните права во сферата на социјалната политика.

Центарот е отворен во рамки на пилот-проектот поддржан од Германското друштво за интернационална соработка, а се спроведува само во четири општини во Македонија.

- Во Центарот сме ангажирани двајца волонтери. Покрај другото  ќе организираме и работилници, советувања и семинари со социјалните групи и околу заштитата на појавите, како што се трговија со луѓе, педофилијата, семејното насилство, како  и други негативни појави, вели Аделина Рамадани, социјален работник.

Покрај овој Центар во Дебар со децении функционира Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, кој со својата актвиност ја покрива и општина Центар Жупа, а неговите  вработени се грижат за навремено откривање и соодветно згрижување на лицата кои се нашле во потреба од социјална заштита.

14.04.2014 - 15:05
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега