Јанакиески ги предаде клучевите за новите социјални станови во Берово
Денеска триесет семејства се вселија во новите станови во објектот за социјални станови во Берово.
Клучевите од нови станови денеска во Берово им ги предадоа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Берово, Драги Наџински.
Наскоро ќе биде објавен нов јавен оглас за социјални станови во Берово со дополнителни 21 стан.
Целокупниот број опфаќа изградба на 35 објекти во 26 градови во Македонија со повеќе од 1.700 станови.
Становите беа изградени според Програмата на Владата на Република Македонија, а семејствата ги добија согласно јавниот оглас и по пат на јавна електронска распределба.
ФОТО: А1.он