Си ја претепал невенчаната сопруга па го запалил станот

Полицијата во Јагодина уапси насилник кој брутално си ја претепал невенчаната сопруга, а потоа го запалил станот каде живееле.

Се работи за 25-годишниот А.М. кој вчера вечерта предизвикал вистински хорор за својата невенчана сопруга. Тој ја претепал три години постарата девојка која потоа со своите три малолетни деца од претходниот брак успеала да побегне кај своја другарка. Тие двајца започнале расправија, а тој толку се разгневил, што почнал да ја тепа, а потоа и да се заканува дека ќе го запали станот. 

Откако девојката успеала да побегне, нејнината другарка веднаш го пријавила случајот во полиција. Тие мајката на три деца ја пренеле во болница, а кога стигнале на местото на настанот виделе како насилникот навистина си го исполнил "ветувањето" и го запалил станот.

А.М. е задржан во притвор.

 

13.04.2014 - 16:42
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега