Пешевски: При крај е ревитализацијата на хидроенергетскиот систем

 

Со вградувањето на новата технологија во ревитализацијата на седумте хидроцентрали во Македонија ќе се намалат загубите при производството и ќе добива електрична енергија по еколошки пат, објасни вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по денешната посета на ХЕЦ Вруток.

Тој се запозна со текот на ревитализацијата во хидро енергетскиот систем Маврово, и информираше дека работите се во завршна фаза.

- Владата на Република Македонија, започна низа проекати на полето на енергетиката, а еден од најазначајните е проектот за ревиталицизација на седумте хидроцентрали Вруток, Равен Врбен Шпиље, Тиквеш, Глобочица и Козајк. Кај сите централи се преземаат зафати со употреба на најновите технологии за да се постигне поголемо производство на електрична енергија и поголема ефикасност во искористувањето на водите, истакна Пешевски.

Проектот за ревитализацијата на хидроцентралите е вреден приближно 33 милиони евра, и е финасиран 80 проценти од германската КфВ Банка, а останатите се директно вложување на АД ЕЛЕМ.

Со завршувањето на проектот, рече Пешевски Македонија ќе добие нови 20 мегавати инсталирана моќност и дополнителни 50 гигават часови произведена електрична енергија.

Тоа, објасни вицепремиерот, во пракса би значело користење на електрична енергија за околу 30 илајди семејства.

- Значајно е што со овој проект во иднина ќе се прозиведува таканаречена зелена енергија. Тоа е доказ за определбите на Владата за развој на енергетиката во сите сегменити, како во базната, со зафатите во РЕК Битола, така и во хидро централите, за прозиводство на енергија од обновливи извори на енергија, потенцира Пешевски.

Проектот за ревитализација на системот ХЕЦ Маврово е при крај. До крајот на летото се очекува да биде вграден и последниот од четирите агрегати во ХЕЦ Вруток. 

11.04.2014 - 13:56
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега