Албанската Влада треба да плати осум милиони евра отштета за одземен имот

Владата на Албанија за рок од три месеци е должна да исплати осум милиони евра отштета на десетмина сопственици на национализиран имот, реши Европскиот суд за човекови права.

Судот, со седиште во Стразбур, донесе десет пресуди против Албанија, откако Владата во  Тирана не ги спроведе претходно донесените одлуки на Агенцијата за враќање и компензација на имот.

Оваа исплата ќе биде дополнителен удар врз буџетот на Албанија, ако си имаат предвид исплатените 2,02 милиони евра минатиот месец на четворица сопственици на имот, кои исто така, правдата ја бараа во Стразбур.

Досега добиените позитивни пресуди поттикнуваат се поголем број албански граѓани да ја бараат правдата во Судот во Стразбур, каде што до септември минатата година имало за разгледување 413 тужби на државјани на Албанија, кои главно се однесуваат на неисплатена компензација за одземен имот од страна на државата. 

11.04.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега