Шундовски ќе фати кормилото на романската репрезентација?
Екс селектрот на македонската ракометна репрезентација, Звонко Шундовски најверојатно ќе се пресели во Романија каде што ќе биде нов селектор на тамошната репрезентација, пишува порталот „Фанатик“.
Во моментов тој е ангажиран во тамошниот шампион во лигата Констанца, а одличните резултати со овој клуб очигледно не останаа незабележани од Романската ракометна федерација која е во потрага по нов селектор.
Романија остана без предводник по слабите резултати во квалификациите за ЕП во Полска 2016 година, по што селекторот Елидор Војка поднесе оставка.
Во скоро време романската репрезентација ја очекува бараж за Светското првенство во Катар против Шведска. Според информациите кои доаѓаат од Романија, токму Шундовски ќе ја добие можноста да ја предводи националната селекција во тој двомеч.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа