"Ме омажија на 13 години со алкохоличар" - потресна исповед на девојка која поминала низ ужас

 

Минес од африканската држава Малави живеела во тешка сиромаштија со својата баба, а потоа запознала човек кој и ветил подобар живот. Таа ја раскажува својата потресна животна приказна.

- „Тоа се случи кога имав 13 години. Мојата пријателка тогаш веќе беше омажена, па и на мене вршеа притисок“, вели девојчето кое се обидело да избега од големата беда во која живеело, но за жал, се соочила со уште поголеми проблеми.

За Минес, која живеела во беда со својата баба, животот во брак, па и само на 13 години, звучел како влезница за подобар живот. Запознала постар човек кој и се додворувал и и велел дека ќе ја извади од сиромаштијата, но доживеала уште поголем удар од животот. Тој бил алкохоличар, не и давал пари, а и не и дозволувал да се врати кај својата баба.

- „Жалам поради она што го направив. Мојата желба беше да продолжам со образованието, но тогаш навистина бев немоќна и немаше кој да ме поддржи. Се вратив во училиштето и разговарав со учителката која ме советуваше да побарам помош во една од организациите за заштита на децата“, раскажува таа.

За среќа, вработените од организацијата и помогнале на малата Минес да се оттргне од сопругот кој ја малтретирал и држел во заробеништво.

- „Така одлучив да побегнам додека сопругот не беше дома. Бев уплашена дека ќе ме бара, но никогаш повеќе не го видов. Од организацијата ми помогнаа да се школувам и да завршам образование“, вели таа.

За жал, многу девојчиња особено во Индија, на Блискиот Исток, како и во поголемиот дел од Африка, посебно во Нигерија, Централноафриканската Република и Малави, имаат ваква судбина, но не секој може да се извлече од канџите на насилниците.

 

 

10.04.2014 - 15:41
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега