„Традиција, знаење, иднина“ - отворен ден на Економскиот факултет

Триесетина високо образовни институции од земјава и странство и институции од 15 земји ќе се претстават на 17. Денови на образование и кариера 2014 што од денеска до 10 април ќе се одржат во хала 2 на Скопскиот саем.

На отворањето најавено е присуство на министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Отворен ден за идните студенти организира денеска Економскиот факултет при УКИМ во рамки на одбележувањето на Деновите на високото образование во Република Македонија.

Од 10 до 16 часот во аулата на Факултетот т.н. саемско претставување ќе имаат сите седум департмани, компаниите-соработници Комерцијална банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, Алфа банка АД Скопје, ЕВН Македонија, Окта АД Скопје, МАК ПРОГРЕС Виница и СеЗаРоденден, како и студенстските организации АИЕСЕК, Студентски парламент на Економскиот факултет-Скопје и Еразмус студентската мрежа во Македонија.

Целта на Економскиот факултет е да ги увери идните студенти дека неговиот слоган „Традиција, знаење, иднина“ треба да соодветствува со визијата за нивната иднина. 

10.04.2014 - 09:23
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега