Вонредна временска прогноза: Доаѓа студен бран - носи снег

Во текот на ноќта среда спрема четврток и во четврток во утринските часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, а на планинните над 1600 метри со врнежи од снег

Во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат, а во текот на ноќта разведрување. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 0°C до 8°C, а максималните дневни температури од 10°C до 19°C.

Во петок ќе биде умерено облачно и нестабилнбо со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од -2°C до 6°C, а дневните температури ќе достигнат до 10°C односно до 19°C.

09.04.2014 - 19:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега