Невработеноста ќе се намалува

Привлекувањето на странските инвестиции во земјата ќе придонесе за намалување на невработеноста, велат надлежните од Агенцијата за вработување. Според нив дополнителен стимул треба да бидат и инвестициите од домашните бизнисмени.

„Самото заживување на економијата кај некои работодавачи почнува да се гледа зголемениот капацитет на побарувачка на работна сила. Последните неколку дена гледаме многу огласи од градежните коампнии кои бараат неколку илјади градежни работници тоа е знак дека се оди кон намалување на невработеноста“, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Експертите на оваа тема сметаат дека иако невработенсота е сериозен проблем истата може да се реши за краток временски период.

Тие сметаат дека веќе започнатите политики за поттикнување на вработеноста даваат резултати.

„Многу е важно и прашањето на поддршка на претприемништвото кое зема одреден замав но смеатм дека таа програма треба да биде подолгорочна за да им се овозможи на оние да им се овозможи пристпа до капитал кој е особено тежок за почетниците“, изјави универзитетскиот професор Марија Зарезанкова Потевска.

 

Проектите за самовработување, финансиска поддршка за ново вработување, прва шанса за младите, обуки, доквалификации се само дел од мерките кои Агенцијата ги презема за да ја намали високата стапка на невработеност, која лани за прв пат падна под 30%.

09.04.2014 - 17:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега