Ќе врне цел ден - од утре ќе се дружиме со дождот

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 10 до 14 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и постудено. Попладне ќе има подолги сончеви периоди, а ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 14 степени. 

09.04.2014 - 16:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега