Вучиќ: Србија нема да воведе санкции кон Русија

Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија.

"Србија сака да влезе во Европската унија и сака добри односи со САД, но не сака непријателство со Русија" изјави Вучиќ.

Вучиќ вели дека ваквиот став им го соопштил и на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, како и на сите амабасадори со кои разговарал.

- Немаме три причини - една во Вашингтон, една во Москва и една во Брисел. Секаде имаме иста причина - Србија да оди кон Европа, Србија да биде на европскиот пат, Србија да не ги урива своите односи со Русија, да не воспоставува непријателски односи со Русија и да не воведува санкции кон Русија. Србија сака добри и пријателски односи со САД. Чиста позиција, изјави Вучиќ за РТС. 

09.04.2014 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега