Цела болница под клуч - влегол со зоља и направил хаос

Вистинска драма се одвивала синоќа во Белград. Вооружен маж синоќа влегол во Брзата помош со Зоља и барал да зборува со жената која му се јавила на телефон.

Според податоците на српските медиуми, се работи за 54-годишниот Слободан П. кој влегол во просториите на Брзат помош на Србија и почнал да се заканува дека сите ќе ги убие, барајќи ја жената со која разговарал, Нада Мацура. Во моментот таа не била на работа, а за среќа немало ни пациенти во болницата. Двајца медицински техничари успеале да го совладаат разбојникот и да повикаат полиција.

- За среќа техничарите го совладаа. Велзе вооружан и почна да се заканува, велат од болницата за српскиот Блиц.

Како што пишува Блиц, разбојникот така вооружан се шетал и низ градот, и никој не се обидел да го сопре.

 

 

09.04.2014 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега