Перо Антиќ на чекор до „дабл-дабл“

 

Еден од најпознатите македонски кошаркари Перо Антиќ повторно одигра солидна партија, но сепак неговиот тим Атланта на домашен терен со 102:95 доживеа пораз од Детроит.

Гостинската екипа со оваа победа ја прекина серијата од 10 порази во „Филипс Арена“ во Атланта, која по две победи по ред, повторно доживеа пораз.

Нашиот Перо Антиќ беше на чекор од „дабл-дабл“ ефект со 13 поени и 9 скокови, за речиси 28 минути поминати на паркетот.

Најефикасен на натпреварот беше Родни Стаки од Детроит со 29 поени, додека кај Атланта Пол Милсап постигна 24.

Единствената победа на домашен терен ја постигна Минесота против тимот со најдобар скор Сан Антонио, на другите натпревари победија гостите.

 

09.04.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега