ФОТО: Водителката на Бекстејџ се пожали - погледнете што му направија на син ми во градника
„Еве вака, во случај да се прашувате како и колку ги чуваат децата во градинка. Ова е моето дете по денешниот ден во градинка, ова се случило утрово, без никој да ме извести, детето останало во градинка до 16 часот. Не ми е јасно, каде биле и што правеле воспитувачките тргнувајќи од фактот дека за да се направи вакво нешто не е потребна само секунда. Детето денови наназад ми е истрауматизирано со спиењето и има постојано гребнатинки, секако не се бунев зошто нели „деца се” ама ова ниту ќе го толерирам ниту ќе го оставам така. Алал вера на учителките а богами и на родителите кои би требало да знаат дека имаат неподобни деца за во градинка па или да ги оставаат на чување кај баби или да ги носат со соодветни кафези. Животот ми се скрати“ - напиша Миа Косотва на Facebook
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа