Температурите паѓаат - еве какво ќе биде времето неделава

Времето во текот на утрешниот ден во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до пет и со дневна до 22 степени.

Во среда попладне се очекува позначителна промена на временската состојба. Ќе има спуштање на влажна и постудена воздушна маса која ќе предизвика локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, како и значително опаѓање на температурата. Потоа, во наредните два дена ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. 

07.04.2014 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега