ВИДЕО: Ја победи тишината- глуво и слепо девојче за прв пат го слушна мајчиниот глас
Петгодишната Клои Ринг е родена со двоен проблем, таа е слепа и глува. Меѓутоа нејзините родители Џејн и Нил буквално го превртеле светот и успеале да најдат начин да комуницираат со својата ќерка.
Губење на слухот кај Клои родителите го приметиле само неколку недели по нејзиното раѓање а веќе кога таа имала четири месеци на нејзините родители им било соопштено и дека девојчето е слепо.
Во 2009 година семејството за прв пат се запознало со тимот кој вградува кохеларниимпланти во Бристол. Мајката Џејн никогаш нема да го заборави моментот кога нејзината петгодишна ќерка за прв пат го слушнала нејзиниот глас.
“До тој момент Клои живееше во тишина” вели мајката и додава:
"Работам со деца со посебни потреби, сакам да читам а фактот дека моето дете никогаш нема да може да го слушне мојот глас беше разочарувачки и болен за еден родител. Се обидував да се смирам, и си велев дека ќе се разбираме преку знаци, но кога дознав дека мојата ќерка е слепа целата моја надеж исчезна” вели Џејн.
Погледнете го моментот кога Клои за прв пат ќе го слушне гласот на својата мајка...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа