Викендов "летале" казни за несовесните возачи - еве што се случувало
Викендов на скопските улици летале казни за непослушните и несовесни возачи. Се случиле 30 сообраќајни незгоди за само три дена.
Од страна на сообраќајната полиција санкционирани се тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и шест возачи кои што не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.
Во текот на изминатите три дена во рамки на „Неделата на пешаците“ преземени се мерки, и санкционирани се 38 пешаци коишто сториле прекршоци по разни основи и истите се повикани на сообраќајна поука.
07.04.2014 - 09:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа