Делегација од МО во работна посета на НАТО во Брисел

Делегација предводена од државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски денеска ќе престојува во работна посета во седиштето на НАТО во Брисел.

Предвидено е да се одржат редовните мултилатерални ПАРП консултации меѓу Република Македонија и Политичкиот и партнерски комитет на НАТО во формат 28+1.

Стефаноски ќе има излагање пред Политичкиот и партнерски комитет на НАТО. Ќе ги информира претставниците на Алијансата за постигнатиот напредок на Република Македонија на нејзиниот пат кон НАТО во доменот на одбраната и прифаќањето на новиот пакет Партнерски цели 2014. 

07.04.2014 - 09:23
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега