Малдите ракометари се пласираа на Европско
Машката младинската репрезентација на Македонија со три победи го освои првото место во групата 7 од квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во Австрија. Нашите младинци денеска во рамки на третото последно коло ја победија селекцијата на Исланд со 21:15.
Натпреварот беше изедначен во првата третина, а Македонија во финишот на првиот дел успеа да направи предност за водство од 12:8 на полувремето. Во второто полувреме избраниците на селекторот Зоран Петковски успеаја да ја зголемат разликата и да ја постигнат посакуваната победа.
Најефикасен на дуелот беше Филип Талевски со 11 голови, а голманот Филип Ивановски имаше 11 одбрани.
На првиот натпревар од третото коло Грција ја победи Италија со 29:20.
На чело на табелата заврши Македонија со 6 бодови, пред Грција со 4, Исланд освои 2, а Италија остана без бод.
Единствено Македонија избори учество на ЕП во Австрија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа