Ќе се гради жичара од Средно Водно до Капиштец
Премиерот Никола Груевски на вчерашниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во СКопје, најави изградба на жичара од Средно Водно до Капиштец.
Освен жичарата, еве дел од проектите кои се дел од програмат „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ:
-зголемување на плати, субвенции, социјална помош
-се предвидува комплетна реформа и модернизција на инспекциските служби а ако се обезбеди двотретинска согласност во парламентот, санкциите ќе се нивелираат според економската моќ на субјектите
-ќе се воведат електронски фактури, нови олеснувања за добивање градежна дозвола,
-масовна дигитализација на катастарските планови
-намалување на процедурите во текот на водење на судската постапка,
-креирање на ИТ зона,
-Креирање на слободна здравствена зона
-Градба на 660 станови за лица приматели на социјална помош и други ранливи групи,
-ќе се намалат трошоците за возила кои помалку загадуваат,
-ќе се направи обид за изнаоѓање концесионер за градба на автопат помеѓу Кичево и Гостивар и Скопје и Блаце,
-обнова на возниот парк на македонски железници како товарниот така и патничкиот.
-ремонти и реконструкција на пругата долж коридорот 10, со цел да се зголеми брзината и безбедноста на движење на возовите,
-целосна реконструкција и надградба на скопската железничка станица но и на сите поголеми железнички станици долж коридорот 10,
-изградба и реконструкција на железничката делница Битола- Кременица Грчка граница, со градба на крак до Жабени,
-стабилно водоснабдување на општините Гевгелија, Кавадарци, Радовиш, Кочани, сопиште и проект за водоснбдување кој ќе ги опфати сите 80 општини*-
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа