Љупчо и Даниел тргнаа на хуманитарна велосипедска тура низ Балканот
Љупчо од Скопје и неговиот другар Даниел од Бугарија денеска напладне од Школка во Градскиот Парк тргнаа на хуманитарна велосипедска тура за дечињата од СОС-детското село.
Оваа активност на Љупчо и Даниел, кои следните неколку недели ќе поминат 1.700 километри низ шест балкански земји, е по повод 6 Април, Меѓународниот ден на спортот, а се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Општина Гази Баба.
- Победниците никогаш не се откажуваат, а откажувачите никогаш не победуваат. Токму оваа мисла ја претставува заложбата, истрајноста и посветеноста на Љупчо и Даниел во името на хуманоста да го направат овој спортски подвиг. На тој начин уште еднаш ќе потврдат дека спортот е дел од нашето секојдневие и најдобар амбасадор надвор од нашите граници, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, пред поаѓањето на момчињата.
Градоначалникот Тони Трајковски истакна дека е горд што проект како СОС Детското Село се наоѓа на територијата на општината Гази Баба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа