Срамна одлука на ЕХФ: Под притисокот на Грција, Македонија без уставното име на дресовите
Младите ракометари кои играат на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на европското првенство за играчи до 20 години вечерва ја совладаа репрезентацијата на Италија со 24:22, но на своите дресови не го носеа името Македонија.
Утревечер Македонија игра многу значаен меч токму против селекцијата на Грција, која направи изненадување во првото коло, совладувајќи го фаворитот, репрезентацијата на Исланд со 20:19
И покрај тоа што за тие натпревари одговорна е Светската Ракометна федерација најверојатно и во квалификациониот двомеч против Грција за пласман на светското првенство во Kатар 2015 што ќе се игра во јуни во Скопје и Атина, македонскиот национален тим не ќе може да го носи уставното име на своите дресови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа