ФИФА полека но сигурно ја уништува Барса!

 

Правилата и законите кои што ги наметна светската фудбалска куќа ФИФА за трансфер на малолетните фудбалери доколку стапеа на сила нешто порано, можеби фудбалскиот свет денеска ќе беше осиромашен со неиграњето како на пример на еден Меси, Чави, Иниеста, Пике, Фабрегас, Валдес, Бускетс, Пујол и многу други светски врвни фудбалери. 

Голем дел од светската фудбалска јавност бара одговор од челниците на ФИФА дали е подобро младите играчи да растат во на пример бразилско гето, или некои нехумани услови во Африка, отколку во некоја од европските фудбалски академии?

Ваквите прашања испливаа на површина неколку дена откако Барселона ја доби казната, преку која и се зададе сериозен удар на нејзината фудбалска академија која со години произведува врвни фудбалери кои потоа ги продава на тимовите во четирити најсилни фудбалски лиги. 

Познато е дека фудбалската школа на Барселона, популарната "Ла Масија", е најдобрата академија во светот во последните децении.

Во образложението на ФИФА беше нагласено дека "трансферот на малолетните фудбалери е важен социјален и правен проблем". Тогаш, каде е тука проблемот?

Првиот човек на Барселона, Жозеп Бартомеу, истакна дека неговиот клуб е жртва на голема неправда.

Тој додаде дека клубот нема да го менува моделот за доведување на нови млади играчи и покрај забраната за трансфери. Според него и други клубови го кршат истото правило, но не сакаше да ги наведе.

"Барселона никогаш не прекршила ниту еден од шпанските прописи при потпишувањето на млади таленти. ФИФА го казнува моделот кој функционира веќе 35 години", вели Бартомеу.

Оттука се поставува прашањето, кој сака да и наштети на Барселона и зошто?

04.04.2014 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега