Метеоролозите предупредуват: Погответе се за најтоплото лето досега
Откако се запишуваат температурите, престојното лето во 2014 година ќе биде најтопло , предупредуваат научниците за британскиот весник “Дејли мејл ” . Тие оценуваат дека веројатноста тоа да се случи повеќе од 75% .
Според нив времето е поврзано со плима ” Ел Нињо ” . Тоа е феномен кога водите на Тихиот Океан кај Екваторот се натпросечно топли , со што се отвора можност да дојде до нагли промени во океанските струи и ветрот низ целиот свет . Во студија објавена во научното издание ” ПНАС ” , германски научници тврдат дека се во можност да ги предвидат трендовите за ” Ел Нињо ” со една година напред , а не за шест месеци , како досега .
Научници од Универзитетот во Гисен направиле прогноза преку покривање на врските меѓу температурите во реонот на ” Ел Нињо ” и остатокот на Пацификот. Тие го користеле овој метод наместо мапирање на температурата на водата во источниот дел на Тихиот Океан бидејки кај него се постигнува прогноза за 6 месеци напред. Тоа им овозможило успешно да предвидат до сега, дека во изминатите две години немало да има настани поврзани со ” Ел Нињо ” . Нивните прогнози се дека ваков феномен ќе има во втората половина на годината . Според нив претстојното лето ќе е најжешкото во историјата .
“Ризикот од појавата на Ел Нињо во втората половина на 2014 година е зголемен , но сигурно не е загарантиран во овој момент ” , вели Ендрју Воткинс , раководител во Бирото за метеорологија на Австралија . Тој додава дека прогнозите за летното време ќе се разјаснат во вториот квартал од годината .
03.04.2014 - 23:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа