СКАНДАЛ: Грција бара да се тргне името Македонија од дресовите на ракометарите

 

Скандалозно барање беше упатено од страна на нашиот јужен сосед до ЕХФ за тргнување на името на Македонија од дресовите на ракометната репрезентација за играчи до 20 години на квалификациите за пласман на ЕП во Австрија. 

Македонската младинска репрезентација се наоѓа во група со Италија, Исланд и Грција, а се би било во ред, доколку со свои бањата не се јавеше нашиот јужен сосед.

Имено, Грците бараат на дресовите и опремата на нашите млади репрезентативци да не стои името Македонија. Вакво известување стигнало од ЕХФ на адреса на РФМ.

-Изненадени сме од ваквиот начин на мешање на политиката и спортот, посебно кога се работи за натпреварување во младински категории во кое треба да се промовираат чисто спортскиот дух и вредност. Не сакаме да се оптоваруваме со ваквите провокативни притисоци. На официјалните дресови на македонските репрезентации секако не стои целосното име Македонија кое го има на тренерките на младите репрезентативци и тоа е неизбришив дел од опремата. Се надеваме дека од утре сите селекции учесници во квалификациите ќе бидат концентрирани само на спортскиот дел, и нема да обрнуваме на неспортските притисоци, велат од РФМ за порталот „Екипа“.

Македонските надежи против Грција играат на 5-ти април со почеток во 19:00 часот, а првиот меч се игра утре против Италија.

03.04.2014 - 19:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега