ВИДЕО: Венчавање на 11 годишно девојче кое ќе ви ги насолзи очите

 

Девојчето Џози Мец ќе има незаборавно искуство кое можеби ќе и ја намали тагата еден ден кога нејзиниот татко нема да биде веќе со неа.

Девојчето се венчала на 11 години, а до олтарот ја донел нејзиниот татко.  Имено ваквата чин се решиле да го направат сега поради тоа што можеби кога ќе се случи вистинската свадба на Мец нејзиниот татко нема да биде повеќе со неа. 

Кај него е дијагностициран тумор на панкреасот и тој и неговата сопруга се одлучиле да ја ангажираат фотографката Линдзи, која пред две години на тешко болниот клиент му пружила услуга на начин на кој што го осмислила „венчавањето“ за да на девојчето му овозможи да го искуси моментот кога нејзиниот татко ќе ја однесе до олтарот. Подготвила се што е потребно за вистинско венчавање. Набавила и венчаница.

Настанот бил многу емотивен и потресен. Малата Џози цело време била покрај својот татко, во негова прегратка и плачела. Солзите не можел да ги сокрие ниту самиот тој, на кого му била исполнета желбата и срцето со тоа што ја однел ќерката до олтарот.

„На почетокот беше преплавено со емоции, но подоцна Џози изјави дека ова и бил најубавиот ден во нејзиниот живот“, изјавила Линдзи девојката која го снимила настанот и постирала видеото на интернет.    

„Ќе дојде ден кога Џим веќе нема да биде со нив, и затоа им овозможив да ја почувствуаат поврзаноста со него. Тоа ќе биде доста убаво сеќавање и ќе им значи премногу“, изјавила Линдзи. 

 

03.04.2014 - 17:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега