Каков родител е секој хороскопски знак? - се пронајдовте ли?
Хороскопот открива како родител сте според хороскопскиот знак.
Овенот е строг, но праведен. Од детето бара да биде упорно, за да ги постигне најдобрите резултати, понекогаш делува престрого, умее да нервира и да го наметнува тоа дека постојано е во право.
Бикот како родител постојано стравува за детето и му помага на сите начини. Никогаш нема да дозволи неговото дете да нема нешто, освен ако не живее во сиримаштија.
Близнаците се интересни и весели. Понекогаш не се знае кој е подетинест. Инсистираат децата да им бидат образовани.
Раковите постојано ќесе грижат, особено за чуствата на детето. Секогаш се тука за да го ислушаат детето и да дадат совет.
Лавовите се најдобри другари на своето дете и негова најголема поддршка. Детето на лавот секогаш ќе биде свесно за своите квалитети и можности, а лавот ќе ја буди таа енергија и ќе го зајакнува неговиот карактер преку постојани пофалби, со цел да го направи подобар човек.
Девицата која што е позната како хороскопски знак кој најмногу внимава на хигиената, е многу комплицирана. Сè мора да биде совршено, а неговото дете да биде непогрешливо и најдобро. Даваат совети, но можат и да претераат барајќи совршенство и чистота.
Вагата најмногу се грижи за доброто воспитување и манирите на своето дете, додека Стрелецот најмалку ќе му забранува нешта на своето дете, постојано е весел и се однесува повеќекако другар откоку како родител.
Скорпијата гледа се и знае се. Тој нема да дозволи детето да биде размазено и детето за него секогаш ќе остане токму тоа, дете!
Јарецот е најстрогиот родител од сите во Зодијакот, Водилијата знае да биде ладна, но само доколку нема внимание од детето. Во спротивно е негов најдобар пријател на кој детето секогаш може да се потпре.
Родителите родени во знакот риби секогаш се прават дека ништо не гледаат, а забележуваат сè околу нив. Тие знаат да ги чувствуваат потребите на детето и не го притискаат, туку го оставаат да биде свое.
Извор: Кафепауза
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа