Атланта и Антиќ со поразот од Чикаго го загубија местото за пласман во плеј-офот

 

Тимот на Перо Антиќ Атланта доживеа уште еден неуспех откако на домашен терен беше совладата од Чикаго со 105:92 со што ја загуби и осмото место кое обезбедува пласман во плеј-офот. 

Овој пораз претставува 21 во последните 28 меча на „Јастребите“ и сега се наоѓаат на деветото место во Источната конференција. Тимот на Њујорк е веднаш пред нив. 

Антиќ како да падна во формата, а во 11 минути поминати на паркетот центарот успеа да запише само еден скок и една асистенција, додека мечот го заврши без постигнат кош.  

Во таборот на Атланта најдобар беше Пол Милсап со дабл-дабл учинок од 22 поени и 11 скокови, а веднаш зад него беше Кајл Корвер со 21 поен.

Чикаго го новата победа го предводеше Џеј Ар Аугустин со 23 постигнати поени.

НБА резултати: Индијана - Детроит 101:94, Њујорк - Бруклин 110:81, Орландо - Кливленд 98:119, Филаделфија - Шарлот 93:123, Торонто - Хјустон 107:103, Вашингтон - Бостон 118:92, Мајами - Милвоки 96:77, Минесота - Мемфис 102:88, Денвер - Њу Орлеанс 137:107, Феникс - ЛА Клиперс 108:112 и Сакраменто - ЛА Лејкерс 107:102.

03.04.2014 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега