Монструми шетаат по улиците - врзале куче па го фрлиле во море

 

Во морето во Шибеник еден случаен минувач приметил мртво куче кое било врзано околу вратот со синџир со долга метална шипка.  

Шокиран од глетката тој одма го пријавил случајот во полиција каде тие заедно со ветеринарите извршиле увид. Полицијата се уште не потврдила дали кутрото животно починало како последица  на давење или неговото  мртво некој го фрлил во морето.

Според чипот го пронајдовме сопственикот на кучето и во тек е утврдување на фактите. Ниту една можност засега не е отфрлена  велат од СТП Шибенско-книнската.

Од ветеринарниот инспекторат на Министерството за земјоделство велат дека според дојавата што ја добиле,  кучето со синџир околу вратотбило врзано од сопственикот.

Несреќното куче со денови било во морето, и неговиот леш е во лоша состојба.

Од компанијата Ас-Еко, која го презеде кучето, велат дека нема да прават аутопсија ако тоа биде побарано од страна на полицијата или ветеринарна инспекција.

Со сопствениците на кучето ветеринарната инспекција ќе зборува во понеделник, и тогаш би можело да се дознае зошто нечие миленичи почина на таков ужасен начин.

03.04.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега