Со голфот прегазил пешак - 17 сообраќајки во Скопје

 

Во текот на вчерашниот ден во СКопје се случиле 17 сообраќајни незгоди од кои девет се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и двајца патници во автобус.

Се случиле и две незгоди со последица тешки телесни повреди. Првата незгода се случила во 3 часот и 30 минути на крстосницата од булеварот „Гоце Делчев“ со улицата „Григор Прличев“ во која учествувале две патнички моторни возила „опел астра“ и „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје и мотоцикл марка „Џон Вејн“. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.

Втората незгода се случила во 12 часот на ул. „10“ во селото Миладиновци пред куќен број 30 во која учествувале патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, исто така од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по различни основи во својство на пешаци.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „25 Мај“ на територијата на општина Гази Баба и во средното училиште „Димитар Влахов“на подрачјето на општина Аеродром.

За денеска најави за настани коишто во поголема мера би влијаеле на режимот во сообраќајот нема, освен еден предизборен митинг на политичката партија ДУИ што ќе се одржи со почеток во 19 часот во спортската сала „Борис Трајковски“. Во зависност од состојбите и потребите од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за уредно и безбедно одвивање на сообраќајот.

03.04.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега