Ја користиме секој ден, а таа е штетна по нашето здравје
Во последно време луѓето започнаа да се грижат за квалитетот на храната која ја внесуваат во својот органзам. Но, тоа им тсана јасно и на големите коорпорации, па ангажираа свои нутриционисти, експерти кои ќе зборуваат за она за кое се плаени. На тој начин настана хаос, па ретко кој од нас знае што е добро а што лошо за нашето тело. Една од намирниците за која сите веруваме дека е здрава, сега е на удар на критики на некои нутриционисти. Станува збор за пченицата.
Пченицата која секојдневно ја конзумираме е далеку од вистинската. Кардиологот Вилијам Дејвис е еден од бројните научници и доктори кој се обидува да го едуцира светот за вистината која ја крие денешната пченица. Дејвис вели дека причините поради кои луѓето одлучуваат да јадат житарици (поради влакната и за здравото срце) не се доволни за пченицата да стане дел од исхраната. „Во пченицата нема ништо што не може да се најде во другите намирници“, вели Дејвис.
Кожа
Јаглехидратите во пченицата обично се сметаат за добри поради својата сложеност. Проблемот е што овие јаглехидрати се разложуваат во шеќери, што доведува до зголемено ниво на инсулин и активирање на жлездите кои произведуваат масти. Крајниот резултат е масна кожа и појава на акни.
Зглобови
Според Дејвис, болките во зглобовите предизвикани од конзумирање на пченица најчесто се јавуваат во зглобовите на прстите и раката, а не е невообичаена ниту болката во грбот, колковите и колената.
Шеќер во крвта
Пченицата која е полна со јаглехидрати, на крајот се претвора во шеќер. Освен тоа, преполна е со амилопектин односно јаглехидрат кој многу го зголемува нивото на шеќер во крвта во однос на обичниот шеќер, што може да предизвика дијабетес.
Извор: За се
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа