„Среќна сум што создадов спомени кои тешко се забораваат“ - поучна приказна
Никогаш не бев совршена, ниту пак ќе бидам.. Никогаш не ги слушав постарите, никогаш не слушав совети.. Стоев на своето па и да не сум во право.. Секогаш ги правев работите кои мене ми правеа задоволство.. Доволно беше во моментот да се чувствувам среќна..Не бев ниту татина принцеза, ниту мамино совршенство.. Од денот кога се сеќавам на себе си тргнав по еден свој пат, самата.. Сметав дека така е најдобро.. Како карактеристики ги зедов тврдоглавоста и гордоста. Уживав во секој миг кој ме правеше среќна не размислувајќи за последиците. Знаев дека кога ќе се појави денот ќе го сменам мислењето, но се задоволував со тоа што знаев дека секоја моја грешка е миг од секој мој среќен момент. Заслужив многу да ме презираат, да чувствуваат гнев кон мене.. Но не се играм со сопствената среќа.. По секоја цена ја има! И најбитна е од се..
Напишав многу книги за себе, додека не ја одбрав вистинската, сменив многу другарки додека не ги најдов двете највредни, сменив многу навики, додека не се пронајдов во само една од нив, имав доста авантури, се додека не го пронајдов Него како највозбудливата една.. Правев се што ќе ми паднеше на памет.. Не бев примерно девојче. Јас бев “лудата глава” во моето семејство. И сум. И ќе бидам. Јас бев таа која што не знае за извини, прости.. Живеев баш како што сакав. Секој момент, секој ден.. Имав лоши навики.. Се дружев со виното, со цигарите.. .. На крајот од сето тоа најдоброто е што не носев маска на своето лице.. Останав таква каква што се родив.. Не се менував поради грешките, учев од нив. Не бев никоја друга, си бев своја.. И си останав таква.. Исфрлувајќи ги сите кои не го почитуваат тоа и велејќи им добредојде на оние кои почитуваат таква каква што сум..
И не жалам за ништо од минатото.. Среќна сум што никогаш не се сменив, што живеев правејќи ги работите кои ме правеа среќна и ме исполнуваа! Среќна сум што создадов спомени кои тешко се забораваат!
Извор: воштип
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа