Се откажала од својот живот за да ја роди ќерката која долго време ја посакувала

 

36-годишната Елизабет Џојс од Њујорк одлучила да ја прекине терапијата за ракот од кој боледува за да ја роди ќеричката која веќе долго време ја посакувала. Само неколку дена по пораѓањето, Елизабет починала. Во нејзина чест, сопругот Макс одлучил да ја сподели со светот нејзината приказна. Приказната за една жена која се откажала од својот живот за да стане мајка.

 

 

Елизабет отсекогаш била голем борец. После две години врска со сопругот Макс, во септември 2010-та година, докторите приметиле дека таа има нешто сомнително на белите дробови. Елизабет, веднаш му кажала дека доколку станува збор за нешто сериозно нема да се бори и нема да иде на терапија. Меѓутоа, Макс по ова истрчал во кујната, направил прстен од алуминиумска фолија и ја побарал за жена.

Месец дена покасно, тие се венчале а во меѓувреме на Лиз и дијагностицирале рак. Поминала низ четири рунди на хемотерапија, оперција и повторно хемотерапија за да би била сигурна дека туморот исчезнал. Три години била потполно здрава, но лекарите и забраниле да забремени, иако таа многу сакала. Без разлика на се, Лиз затруднела.

- Останав без зборови. Докторите ни кажаа дека нема шанси таа да забремени, а сепак се случи!, изјавува Макс.

Но само неколку месеци подоцна, добиле ужасни вести - тумурот се вратил. Иако била подложена на уште една операција, не смеела да иде на магнетна резонанца поради бременоста, па онкологот не можел да види каде се развива ракот. Требала да се породи на почетокот на март, но лекарите не можеле толку време да чекаат. Ја породиле уште во јануари со царски рез и малата Лили Ен Џојс се родила.

Ќерката е единствената причина поради која таткото продолжува понатаму
Макс вели дека во овие моменти ќерката му е единствената светла точка за која се бори.

- Мојата Лиз имаше многу позитивна енергија која им ја пренесуваше на луѓето. Поради неа сакав да бидам најдобрата верзија од себе... таа воопшто не толерираше самосожалување. Нејзината магија сега е пренесена на нашата мала Лили. Таа е преубава и едноставно неверојатна. Поради неа имам сила да продолжам понатаму, - открива Макс.

Документарецот за животот на Лиз, со наслов "40 недели" наскоро ќе биде објавен, а една добротворна организација одлучила да собере пари и да му помогне на самохраниот татко и малата Лили која многу малечка остана без својата мајка.

01.04.2014 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега